Откако го најавила разводот после само 72 дена брак со Крис Хемфрис, старлетата Ким Кардашиан стравувала што се нејзиниот наскоро поранешен сопруг би можел да открие за медиумите. Наводно таа побеснела кога Крис се појавил во емисијата „Добро утро Америко“, и тоа за хонорар од половина милион долари.
Пријателите на популарната старлета велат дека Крис дури сега го открил своето вистинско лице, додека пријателите на кошаркарот тврдат дека тој не сакал да и наштети на Ким, но и дека му било доста од негативен публицитет во медиумите.