На раперот Кање Вест ниту малку не му се допаѓало што неговата девојка Ким Кардашиан и понатаму учествува во снимањето на реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians”. Како што пренеле медиумите, тој барал од неа кариерата да ја насочи во друг правец, но Ким и понатаму не додела одлука. Поради ова таа засекогаш би можела да престане со појавуањето во емисии од таков формат.
Нејзиното момче наводно во последно време ја притискало да започне да се занимава со „вистинска“ работа. Таа моментално размислувала да се повлече од шоуто, но се плаши како ќе реагира нејзината мајка Крис Џенер, која воедно е и нејзин менаџер.