Старлетата Ким Кардашиан, баш сака да биде во чекор со трендовите во светот на познатите, па така сега размислува и за посвојување деца. Ким тоа го соопштила во најновата епизода на нејзиното реалити, откако посетила едно сиропиталиште, каде запознала едно мало девојче.

Откако оваа одлука и ја соопштила на нејзината мајка Крис Џенер, таа прилично бурно реагирала на тоа. Таа на својата ќерка и рекла дека не може да оди во сиропиталиште, да се вљуби во некое дете и да го поведе дома. Според неа тоа не е одење во шопинг. Сеуште не е познато дали Ким ќе остане на својата одлука или пак некој ќе ја опамети.