Ким Кардашиан очигледно, иако малку рано, пронашла совршен подарок за Божик. Славниот член на семејството Кардашиан одлуила на својата мала Норт Вест да и подари остров на кој ќе изгради тематски парк специјално за својата миленичка.

Островот на брегот на Квинсленд има луксузен поглед на Големиот корален гребен и совршени услови за приватност што е идеално за приватен семеен одмор, а неговата вредност се проценува на околу четири милиони долари. Островот претходно веќе го поседувале политичарот Клив Палмер и претприемачот Гофри Еделстен, но се чини дека островот наскоро ќе стане приватна игротека на малата Норт Вест.