Американската телевизиска ѕвезда Ким Кардашиан родила девојче, јавиле медиумите во САД. Породувањето било објавено вчера во една болница во западен Холивуд во Калифорнија, а покрај Ким бил и таткото на девојчето, Кање Вест, пренел телевизискиот канал „Е“ кој ги прати случувањата поврзани со шоу бизнисот. Оваа телевизија навела дека познатата старлета сеуште не се огласила на својот Тбитер профил за раѓањето на девојчето, но се дознало дека името ќе почнува на буквата К.
Ким се породила пет седмици пред терминот, а извори од болницата рекле дека таа и бебето се добро. Таа до пред самото породување снимала епизоди за шоуто во кое учествува со целото свое семејство. Во април формално се развела од кошаркарот Крис Хемфрис, со кој во брак била само 72 дена.