Американската риалити ѕвезда Ким Кардашиан и нејзиниот сопруг, раперот Кање Вест објавија денес дека станаа родители на машко дете. Ким на својот Твитер налог напиша дека таа и Кање го поздравуваат своето момче, родено денес наутро. Ѕвездата и сопругот се во брак од 2014 година и ова е нивно второ дете, после двегодишната ќерка Норт.

 

Телевизиската ѕвезда напиша дека и таа и момчето се чувствуваат добро. Раѓањето следуваше после неколку обиди на парот да ги надминат потешкотиите со неплодноста за кои Ким редовно зборуваше во своето шоу ‘Keeping Up with Kardashians’. Ким и Кање според списанието Тајмс се меѓу 100 највлијателни личности на светот. Нивното богатство се проценува на 60 милиони долари.