Атрактивната старлета Ким Кардашиан уште еднаш се скарала со поранешниот сопруг Крис Хемфрис, и тоа поради поделба на свадбените подароци чија вредност изнесувала околу 130 илјади американски долари. Нивниот брак траел само 72 дена, но кавгите околу разводот и поделбата на имотот траат многу подолго.
Најновата во низата е онаа околу поделбата на подароците кои ги добиле за свадбата, а кои вредат околу 130 илјади американски долари. Ким сака да ги задржи подароците и да ги донира во хуманитарни цели, додека Крис смета дека подароците треба да се вратат на оние кои им ги подариле.