Ким Кардашиан со сигурност го сврте вниманието кон себе која одлучи да стане русокоса. Сепак, не и било потребно долго време за повторно да направи промена. Минаа само неколку седмици откако Ким својата црна коса ја обои во руса, и доби огромен број коментари од своите обожаватели.
Неа папраците ја фотографирале вчера додека во Париз ја носела ќеркичката Норт Вест на часови по танцување. Нејзините тесни хеланки и кратката припиена маица која и ги истакнала градите не успеаа да ја засенат новата промена на косата. Имено, Ким повторно има темна коса. Како што се шушка, била на удар на фановите кои ја сакале старата Ким, па таа сакала да им удоволи.