Пејачката Тејлор Свифт ја симна од тронот досегашната кралица на Инстаграм Ким Кардашиан. Тејлор е на првото место по бројот на следбеници со 45,5 милиони, што значи дека ја следат илјада лица повеќе одколку популарната старлета. Веднаш зад нив е и Бијонсе, некогаш на следената личност на оваа социјална мрежа.
Она што е интересно е тоа што Свифт на Инстаграм има помалку од 700 фотографии, додека Ким има преку 3000 објавени фотографии. Исто така пејачката не е толку активна, додека Ким секојдневно објавува по неколку фотографии. Инаку, американската пејачка е прогласена за најсексипилно лице, како и за најпопуларна ѕвезда, а таа и нејзиното момче Келвин Харис неодамна се прогласени за најдобро платен пар на светот. Од тоа место ги симнаа Бијонсе и Џеј Зи, кои до скоро заработуваа најмногу.