Старлетата Ким Кардашиан потврдила дека очувот ќе ја однесе до олтарот на нејзината трета венчавка. Ким наскоро ќе се омажи за раперот Кање Вест. Ким така ги демантирала сите гласини кои кружеле дека Брус нема да ја предаде на новиот сопруг, бидејќи моментално се разведува од нејзината мајка Крис Џенер. Овие гласини се појавиле откако Брус не се појавил на веридбата на Ким и Кање на бејзбол стадион минатата седмица.

 

Брус еднаш веќе ја одвел Ким до олтарот, и тоа во 2011 година кога се омажила за кошаркарот Крис Хемфрис. Старлетата во меѓувреме рекла дека сеуште не започнала со планирање на венчавката бидејќи немала премногу време за тоа, и дека целата организација ќе ја препушти на Кање.