Познатата старлета Ким Кардашиан и нејзиниот вереник, НБА играчот Крис Хемфрис, се договориле да потпишат предбрачен договор пред да се венчаат, бидејќи сметаат дека тоа е мудар чекор. Старлетата која се прославила со реалното шоу “Keeping Up With the Kardashians”, и чиј татко бил познат холивудски адвокат, одлучила да се заштити со предбрачен договор, на што се согласил и Крис.
Како што рекле блиските пријатели на парот, и Ким и Крис сметале дека тоа е паметен потег, бидејќи нејзиното богатство било проценето на околу 35 милиони долари, а она на Крис на околу 8 милиони. Ким од Крис добила веренички прстен вреден дури два милиони долари од познатиот дизајнер “Lorraine Schwartz” со смарагд од 16,5 карати.