Бремената Ким Кардашиан моментално со сестрите одмара во Грција, а на Твитер објавила неколку нивни заеднички фотографии. Таа често е мета на папараците, но овој пат, освен што позирала, се нашла и на другата страна од објективот.
Таа ги фотографирала сестрите Клои и Кортни за време на одморот во Грција. Тие се наоѓаат на Миконос, каде воедно снимаат и нови епизоди од шоуто “Keeping Up With The Kardashians”. Грчките медиуми пренеле дека славното семејство во нивната земја ќе остане десет дена. На сестрите на патувањето не им се придружиле Кање Вест, вереникот на Ким и Ламар Одом, сопругот на Клои Кардашиан.