И покрај желбите на вереникот Кање Вест да ја задржи приватноста на својата ќерка, Ким Кардашиан не издржала и на Инстаграм поставила две фотографии од своето преслатко петмесечно девојче Норт.

Девојчето, кое нагалено го викаат Нори, се фотографирало и со познатиот креатор Рикардо Тисци, кој е пријател на славниот пар. Сепак, кога е во прашање појавувањето на ќерката во реалното шоу на нејзиното семејство, Ким сеуште не е сигурна што да направи.