Иако во јавноста секогаш изгледа совршено сталожено и дотерано, Ким Кардашиан во последно време се соочува со сериозни емотивни проблеми, поради што почнала да и опаѓа косата. Извори блиски до риалити ѕвездата тврдат дека таа е под голем притисок и стрес, но и дека тоа вешто го крие од јавноста. Изворот вели дека Ким е под толкав стрес што дури и почнала да ја губи косата. Нејзиниот живот бил многу нестабилен. Како причина за тоа го наведува бракот со Кање Вест за кој се омажила пред само пет месеци. Изворот открива дека Кање морал се да држи под контрола, а тоа ја униптувало.

Причина за нивното несогласување во бракот е константното одбивање на раперот да се појави во реланото шоу на нејзиното семејство. Тој дури и забранил нивната ќерка Норт да се појави пред камерите. Тој се надева дека наскоро ќе успее да ја убеди и Ким да се откаже од снимањето на шоуто. Дополнителна причина за стресот на Ким е и тешкиот период низ кој минува нејзиното семејство, бидејќи нејзината мајка Крис се резведува од Брус Џенер, а тешко и паѓаат и постојаните критики на јавноста на сметка на нејзиниот изглед.