Американската старлета Ким Кардашиан, која неодамна се омажи за кошаркарот крис Хемфрис, се почестила со нов автомобил, и тоа не било каков, туку бело Ферари 458, кое го платила 300 илјади евра.
Продажната цена на нејизниот нов миленик на четири тркала е за неколку десетици илјади долари помала, но бидејќи по желба на Ким автомобилот дополнително бил опремен со разни додатоци, ја добил конечната цена. Меѓутоа, Ким и Крис очигледни не жалат да потрошат пари на луксуз, па неодамна купиле пентхаус во Њујорк.