Бракоразводната парница на Ким Кардашиан и Крис Хемфрис е закажана за 6 мај, пренеле медиумите. Иако Ким сакала судењето да биде следниот месец, тоа ќе почне за неколку месеци. Таа нестрпливо очекува да се разведе од кошаркарот, а поради стресот за разводот лекарите и советувале дека е неопходно да се опушти.

Таа неодамна била примена во болница поради болки во стомакот, а поради негативните ефекти кои вознемиреноста би можела да ги донесе врз нејзината бременост, биле загржени и Ким и нејзината мајка Крис Џенер. Ким и Крис се венчале во 2011 а нивниот брак траел само 72 дена. Бракоразводниот процес никако не може да добие свој епилог, па постојано се појавуваат нови проблеми. Пред неколку дена застапникот на кошаркарот се откажал од процесот, па сега тој е во потрага по нов адвокат.