Ким Кардашиан и Кање Вест одбиле понуда вредна три милиони долари за првите фотографии од нивното бебе од едно списание. Славниот пар сметал дека нивната интима вреди повеќе од тоа. Извор близок на парот открил дека едно познато списание кое излегува надвор од границите на САД и понудило на Ким Кардашиан огромна сума пари за првите фотографии од бебето.

Сепак, панудата била одбиена, но според зборовите на изворот, не е исклучена можноста да се премислат, бидејќи биле свесни колку јавноста е заинтересирана за нивното бебе. Таа веројатно очекува понудата да порасне, со оглед на тоа дека други славни личности за фотографиите од децата добивале многу повеќе. Така Бред и Анџелина добиле 4,1 милион долари за фотографиите од ќерката Шајло и неверојатни 14 милиони за фотографиите од Нокс и Вивиен.