Токму кога ќе се помисли дека глупоста не може да достигне поголема висина од реалното шоу на семејството Кардашиан, главната ѕвезда на емисијата ќе се погрижи за тоа. Имено, Ким Кардашиан одлучила да објави книга од сите своите селфи фотографии кои ги сликала со години.

Не, тоа не е шега, а книгата ќе носи наслов “Kim Kardashian Selfish”, и ќе се најде во книжарниците ширум светот во април 2015 година. На овој начин, кланот Кардашиан продолжува да прави пари на бесмислици, откако веќе заработиле повеќе од осум милиони долари на игра за нивниот живот.