Венчавката на Ким Кардашиан и Кање Вест беше одржана пред три дена, но иако невестата изјави дека приватноста и е на прво место, не издржа а да не подели фотографија од церемонијата. Таа се омажи за Кање во Фиренца, а дека венчавката им била како од соништата сведочи и оваа фотографија која старлетата ја постави на Инстаграм.

Венчаницата која ја носела е креација на Рикардо Тисчи, креативниот директор на модната куќа Живенши. Оваа куќа исто така припремила и едно мало фустанче за нејзината ќерка Норт, додека младоженецот носел одело со нивниот потпис. Деверици на свадбата биле сестрите на ким Кортни, Клои, КЕндал и Кајли, кои носеле четири бели но различни фустани. Покрај фотографијата Ким напишала “Mr. and Mrs. Kanye West”.