Ти си така добар татко на нашата Норт, а ќе бидеш најдобар татко и на нашиот син, напиша Ким Кардашиан на Твитер и така потврди дека таа и Кање Вест чекаат син. Нејзината потврда доаѓа откако многу странски медиуми веќе пишуваа дека парот веројатно чека син.

 

Пред да напише дека чекаат син, Ким го пофали својот сопруг. Таа по повод денот на татковците напиша дека е среќна што е омажена за човекот кој е вљубен во нивната ќерка и дека нивната врска е нераскинлива. „Благодарам што си така добар татко! Многу те сакаме и цениме! Благословени сме што те имаме“. Парот минатата седмица го прославни вториот роденден на малата Норт, а минатиот месец ја прославија и својата прва годишнина од бракот.