Откако Крис Џенер и нејзината ќерка Кендал позираа за божиќното издание на списанието „Love“, на истото се одлучила и самата Ким Кардашиан. Кралицата на таблоидите се појавила на насловната на списанието и тоа во доста непрепознатливо издание. Многумина биле изненадени од фактот што нејзините гради не се во прв план, а многумина не ја препознале бидејќи нејзините веѓи биле избледени.

 

Ким Кардашиан на својот Инстаграм профил се пофалила со својата нова насловна и на фановите накратко им раскажала како и било. Напишала дека снимале цели три дена во еден мотел во Лос Анџелес, а една ноќ дури до 4 часот наутро. Признала дека едвај чека да излезе новиот број на списанието па сите да можат да го видат едиторијалот од преку 30 страници кој го снимил фотографот Стивен Клеин.