Ким Кардашиан овој петко ќе наполни 30 години, а со тој јубилеј донела и некои нови животни одлуки. Имено, таа одлучила повеќе да не позира гола бидејќи мисли дека е престара и тврди дека тие денови се зад неа. Ја донела таа одлука иако неодамна позирала гола за списанието “W”.


Својот роденден го прославила неколку дена порано и тоа во Лас Вегас каде уживала со своето семејство и пријателите. Во петок планира и официјално да го прослави роденденот во Њу Јорк.