Ким Кардашиан овие денови често била на телефонска врска со адвокатот, бидејќи нејзиниот развод од Крис Хемфрис влегувал во завршна фаза. Додека кошаркарот барал поништување на бракот бидејќи смета како бил измамен, старлетата барала класичен развод и одбивала да му го врати вереничкиот прстен вреден два милиони долари. Крис на секој начин се обидувал да го врати прстенот, но во предбрачниот договор било наведено дека тој според законот и припаѓал на Ким Кардашиан.
Додека правната битка не се заврши, старлетата ја користи можноста малку да патува низ светот. Таа неколку дена минала во Кувајт, поради што некои граѓани изразиле незадоволство. Еден кувајтски свештеник рекол дека нејзините вредности се коселе со нивната традиција на религиозни луѓе. Ким исто така го посетила Бахреин, а сите кои сакале да ја видат во гравниот град Манами морале да издвојат по 980 евра.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com