Ким Кардашиан отворено признала дека не може да замисли да биде со друг маж освен со своето актуелно момче Кање Вест, во кого е вљубена до уши. Старлетата во едно интервју истакнала дека нејзината врска со Кање во се се разликува од нејзините претходни, пред се поради фактот што со години биле добри пријатели.

Таа рекла дека не може да се замисли да биде со некој друг, додавајќи дека Кање бил присутен во многу фази од нејзиниот живот, дури и пред да стане позната личност. Таа исто така открила дека е „безнадежно романтична“, поради што верувала дека секое нејзино претходно момче бил „оној вистинскиот“.