Кога имаш се, тогаш твојот список на посакувани свадбени подароци мора да изгледа екстравагантно. Така Ким Кардашиан за своите идни гости направила листа на подароци чија вкупна вредност достигнува 172 илјади долари. Таа не пуши, ниту нејзиниот вереник, но тоа не ја спречило на официјалната листа на подароци за својата свадба да стави и кристален „Хавана“ пепелник кој чини 840 долари.


Исто така ниту таа, ниту вереникот Крис Хемфрис не пијат алкохол, но сакаат да имаат чаши за вино кои чинат 130 долари една. На списокот има и сребрена лажица за сервирање овошје чија цена е 1250 долари, додека путер ќе мачкаат со нож вреден 520 долари. Најскапа на списокот е кристалната вазна која чини 7850 долари. Нивната свадба ќе се одржи на 31 октомври оваа година.