Иако сеуште не направила некој сериозен проект, Ким Кардашиан дефинитивно може да се пофали како најплатена реалити звезда. Имено, само оваа година Ким појавувајќи се по разни случувања и снимајќи го своето реално шоу заработила околу 5 милиони долари. Зависно од настанот, за појавувања е платена и до 100 илјади долари, што веројатно го објаснува и нејзиното отворање на јавни тоалети неодамна во Њујорк.
Старлетата покрај тоа е и заштитно лице на многу производи. Зедно со сестрите издала и книга за нивните животи. Сестрите Клое и Кортни исто така се појавуваат во шоуто “Keeping Up With the Kardashians” и се наоѓаат на седмото и осмото место на најплатените според американските медиуми.