Иако има само две години, Норт Вест веќе почна да води сметка за својот излгед, па така има и свој личен тренер. Ќерката на Кање Вест и Ким Кардашиан веќе тргна по стапките на својата славна мајка и започна со строг режим на физички активности. Сепак, на тренерот му е кажано дека нејзините тренинзи не треба да бидат напорни.
Извор близок до семејството вели како Ким мисли дека е сосем нормално што сака Норт на така мала возраст да биде во добра форма. Личниот тренер на девојчето е еден од фитнес гуруата на Ким. Тој работи со Норт на крајот на тренингот на Ким еднаш или два пати неделно. Ја учи интересни работи како истегнувања или основи на аеробикот. Медиумите тврдат дека Ким е под голем стрес бидејќи повторно се здебели за време на бременоста.