Ким Кардашиан се најде на насловната страница на австралиското издание на култното модно списание Вог. Убавата Ким Кардашиан е се наоѓа на мета на злобни коментари секогаш кога ќе се појави на страниците на некое модно списание, но се чини дека тоа воопшто не им смета на уредниците. За австралиското издание на Вог, темнокосата убавица снимила едиторијал на заносна плажа, облечена во креации на престижни светски дизајнери и разубавена само со минимална количина шминка.

 

Едвина МекКан, уредничката на австралиското списание, рекла дека Ким е една од најпребаруваните личности на Гугл со дури 23 милиони следбеници на Инстаграм. Објаснила дека таа е редовна жртва на малтретирање на интернет, но е вистински фан на модата. Според неа, токму поради тоа оваа убавица се нашла на насловната на списанието.