Иако допрва им претстои венчавка, изгледа дека Ким Кардашиан и нејзиниот вереник Крис Хемфрис одлучиле да одат на предвремен меден месец, и тоа ни помалку ни повеќе, туку на рајскиот остров Бора Бора. Сепак, иако изгледало дека на одмор ќе одат сами, таму ги повикале членовите од семејството на Ким. Нејзиниот очув, мајката, сестрата Кортни со сопругот и детето, братот Роби, и полусестрите, близначките Кендал и Кајли биле домаќини на парот.
Сепак, одлично се дружеле со семејството на Ким. Ким изјавила дека семејството и е многу важно и дека тоа бил еден вид тест за неа и за Крис. Патувањето не поминало без камерата на шоуто “Keeping Up With The Kardashians”. Ниту камерата, ниту семејството на Ким не им засметале на младите да разменуваат нежности за време на одморот.