Фотографија на Ким Кардашиан се нашла на насловната страна на првото списание кое е во целост направено во тродимензионална верзија. Сите обожаватели на Ким сега ќе можат да ги видат нејзините познати гради во 3Д верзија. Списанието “World’s Most Beautiful” е првото списание кое е во потполност направено во три димензии, а познатата старлета се појавила на насловната страна.


Ким изјавила дека кога се фотографирала немала поим дека ќе биде 3Д, што според неа е фантастично. Концептот на тродимензионално списание е реализиран по идејата на фотографот Ник Санглимбени. Првиот број се нашол во продажба во САД на 8 август по цена од пет долари, а обезбедена била и бесплатна верзија за ајфон, ајпод и ајпед.