Ким Кардашиан му понудила на Крис Хемфрис 10 милиони долари како тој би се согласил на официјален развод, пренеле медиумите. Кошаркарот таквата понуда ја одбил, бидејќи инистирал нивниот брак да се поништи. Извор близок до него открил дека тој имал намера да се ожени во црква и дека кога ќе наиде некоја посебна сака да биде со чиста совест. Тој бил многу религиозен и верувал дека единствен начин бил нивниот брак да се поништи. Судскиот процес, поради неговите професионални обврски, може да почне дури кон средината на јуни, па на старлетата очигледно и здодеало чекањето.
Таа неодамна изјавила дека поради одлагањето на разводот се чувствува како да е врзана со лисици. Сепак, се воспоставило дека нејзиниот предлог е сосема погрешен, бидејќи Крис Хемфрис е уверен дека таа во бракот го лажела и бара нивниот брак да се прогласи за неважечки. Ким од друга страна е во врска со Кање Вест со кој очекува дете. Единствена препрека во остварување на нивниот брак е тоа што Ким и понатаму е официјално омажена за Крис Хемфрис.