Старлетата Ким Кардашиан одлучила да го израдува своето момче Кање Вест со скапоцен подарок за неговиот 35. роденден, па му купила ламборџини вредно 750 илјади долари. На прашањето што може жена која има се да му подари на маж кој исто така има се, одговорила Ким со купувањето на луксузното црно ламборџини.
Ким Кардашиан одлучила да го изненади своето момче токму со таков подарок. Пејачот моментално се наоѓа во Ирска, каде ќе настапи во рамките на “Watch the Throne” турнејата, а кога ќе се вати во Лос Анџелес ќе го чека новиот автомобил.