Како би го задржала својот веренички прстен од 20,5 карати, Ким Кардашиан му понудила на својот поранешен сопруг Крис Хемфрис 1,5 милиони евра. Прстенот бил платен повеќе од два милиони евра, а адвокатите на Крис го барале назад, бидејќи нивниот брак траел само 72 дена.


Според договорот кој го склопила со Хемфрис, должна е прстенот да го врати или да го откупи. Ким изјавила дека го обожава прстенот и дека не го вади од својата рака, како и дека по секоја цена сака да го задржи. Крис ни од далеку не и значел толку колку вереничкиот прстен кој и го купил. Неодамна и нејзината мајка изјавила дека прстенот треба да остане кај нејзината ќерка, како спомен од бракот.