Старлетата Ким Кардашиан во септември на пазарот ќе го исфрли својот шести по ред парфем со име “Pure Honey”. Таа рекла дека парфемот ја претставува чистата женственост и го опишала како многу топол.

Рекла дека била упатена во целиот процес на изработка од почетокот до крајот, односно од дизајнот на шишенцето до кампањата за негова промоција. Имала идеја парфемот да содржи мирисни ноти на мед, и така малку се оттргнала од цветните ноти. Цената на парфемот изнесува 55 долари за шише од 50 милилитри, а шише од 100 милилитри ќе чини 68 долари.