Ким Кардашиан очигледно не се задоволува со фактот дека во медиумскиот свет е максимално експонирана, па сега сака својата доминација да ја прошири и на дигиталната сфера, така што креира сопствена видео игра, која веројатно ќе ги ужасне сериозните гејмери. Старлетата на својот Инстаграм профил објавила анимирана фотографија ја самата себе над која стои натпис “Ким Кардашиан Холивуд“. Сопругата на Кање Вест под сликата искоментирала: „Ѕирнете малку во мојот нов проект. Многу сум возбудена поради ова!“.
Сеуште не се знае дали дигиталната Ким ќе биде авантуристички јунак како Лара Крофт или можеби во некој шпиунски манир како Џејмс Бонд, но сигурно нејзината видео игра ќе ја подели јавноста, како онаа “гејмерската“, така и онаа на која копјутерските игри не и се посилна страна. Видео играта најверојатно наскоро ќе биде достапна во вид на апликација за паметните мобилни телефони.