После Викторија Бекам, која за Кејт Мидлтон, за нејзиниот 30-ти роденден, креирала специјална серија фустани, и Ким Кардашиан одлучила да ја израдува војвотката од Кембриџ со оригинален подарок.
Сексипилната старлета за сопругата на принцот Вилијам, која во петокот го прославила својот роденден, дизајнирала чевли, чија продажна цена изнесувала 40 фунти. Ким изјавила дека многу и се допаѓа стилот на Кејт и дека секоја жена заслужува секојдневно да се чувствува како принцеза.