Токму кога сите помислиле дека нема што ново да се дознае за сестрите Кардашиан, Ким во шоуто кај Опра изјавила дека нејзината мајка и дозволила да пие пилули за контрацепција кога имала 14 години. Таа објаснила дека желбата за пилулите била производ на желбата да ја изгуби невиноста со момчето со кое тогаш била две години во врска. Старлетата исто така зборувала и за снимката со секс која ја објавило нејзиното поранешно момче Реј Џеј пред пет години. Таа објаснила дека така светот ја запознал, иако тоа бил негативен начин, па морала да работи десет пати понапорно за луѓето да дознаат каква е навистина.
Опра во текот на емисијата поставила прашање и за Крис Хемфрис, со кој Ким била во брак помалку од три месеци. ким ја потврдила својата претходна приказна дека нивниот брак не бил исцениран, и дека на тој брак гледала како на лекција а не како на грешка. Таа моментално е во врска со раперот Кање Вест кој е постар од неа пет години. Рекла дека секогаш се забавувала со млади момчиња, но сега и било драго што е со некој кој е постар неколку години.