Ким Кардашиан и Кање Вест се ѕвезди на новото издание на Вог. Иако по медиумите се шушкаше дека уредничката на списанието Ана Винтур не ја поднесува старлетата, изгледа дека сепак попуштила под уверувањата на славниот рапер. На трачевите одговорила и самата Винтур кој рекла дека Кање не ја молел. Според неа трачевите можеби се добри за читаноста, но факт е дека тие се лажни.
Вљубените Кање и Ким блескаат на насловната, а на снимањето била и нивната ќеркича Норт. Славниот пар наскоро планира свадба, и тоа во модната метропола Париз. Возбудената Ким на насловната носи венчаница, а на твитер напиашала дека ова е остварување на нејзиниот сон.