Ким Кардашиан и нејзиниот вереник Крис Хемфрис го одредиле датумот за нивната свадба која ќе биде одржана на 20 август во сабота. Тие се во врска од ноември минатата година, а локацијата каде ќе биде одржана свадбата сеуште не е позната. Парот засега не потврдил дали церемонијата ќе биде снимана од камерите на телевизиското шоу “Keeping Up With The Kardashians”, но медиумите нагаѓаат дека ќе биде.


Во меѓувреме, сестрите Клои и Кортни Кардашиан планираат моминска вечер за својата сестра. Клои за списанието „Пипл“ изјавила дека планира да ја осрамоти својата сестра чисто за забава. Ким веќе поканила 1000 луѓе на венчавката, а неодамна изјавила дека сака нејзината церемонија да биде следена од целиот свет, баш како што бил и случајот со венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.