Америкаснкиот модел, звезда на реално шоу, актерка и продуцентка, Ким Карадшиан наскоро би требало да се венча со кошаркарот на НБА екипата Њу Џерси Нетс, Крис Хемфрис. Вљубениот пар се заедно само неколку месеци, но америкаснките медиуми пишуваат дека одлично се сложуваат де дека е прашање на време кога ќе се одлучат на следниот чекор.


Ким е пет години постара од кошаркарот на Њу Џерси, кој оваа година во просек постигнува по 8,9 поени. Кардашиан претходно била поврзувана со многу славни личности од американскиот џет сет. Нејзина црна точка во кариерата е порно снимката од 2007 година која излезе во јавноста, на која таа е со нејзиното тогашно момче, пејачот Реј Џеј.