Дека не им е баш лесно и на богатите и славните се покажало и со примерот на Ким Кардашиан која одлучила својот дијамнатски веренички прстен, вреден два милиони долари, да го одложи во фиока. Имено, таа се исплашила да се шета со скапоцениот накит, па одлучила да направи реплика на вереничкиот прстен кој наместо со дијаманти ќе биде украсен со циркони.


На тој начин Ким Кардашиан нема да го увреди својот вереник, кошаркарот Крис Хемфрис, а нема ниту да стравува од евентуална кражба. Извор  близок на парот изјавил дека репликата ќе биде со исклучителен квалитет и тешко ќе биде да се разликува од оригиналот.