Старлетата Ким Кардашиан која се омажи за кошаркарот Крис Хемфрис, одлучил да заработи од својата садба, така што ексклузивните фотографии ќе ги продаде за 1,5 милиони долари на списанието „Пипл“. Венчавката на ѕвездата на реалното шоу “Keep up with the Kardashians” ќе чини помалку од продажбата на фотографиите кои Ким планира да ги продаде.


Споменатото списание во своето интернет издание веќе објавило неколку детали од свадбата, како што е тоа дека венчаницата ја креирала Вера Ванг за 20 илјади долари, а девериците немало да носат зелени фустани како што претходно било објавено. Телевизијата “E!” ќе ја снима свадбата во живо, а Ким нема да биде првата ѕвезда која заработила од својата свадба. Тоа пред неа го сториле Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас, Том Круз и Кејти Холмс, како и Елизабет Тејлор, која парите ги дала во хуманитарни цели.