Американската старлета Ким Кардашиан со семејството моментално престојува во Франција. Репортерите ја снимиле на излегувањето од хотелот во Париз, кога на влегувањето во автомобилот, застанала, се свртела и се вратила во хотелот. Набрзо потоа излегла носејќи ја во раце ќерката Норт Вест.

На фотографиите убаво се гледа како риалити ѕвездата на новинарите и фоторепортерите им позира во внимателно избрана комбинација, но и како пред самото влегување во автомобилот постојано се присетува дали нешто заборавила. Некои прокоментирале дека Ким Кардашиан по се изгледа повеќе се грижела за својот аутфит отколку за сопственото дете.