Најпознатата светска риалити ѕвезда Ким Кардашиан и нејзиниот сопруг Кање Вест ја крстија ќеркичката Норт Вест во Православна црква во Израел. За време на посетата во Ерусалим Ким и Кање ја крстија ќеркичката во Ерменска црква која датира од 12 век.

Нивната посета предизвика огромно внимание како кај локалните жители, така и кај туристите кои ги следеле во чекор. Од друга страна, еден од челниците на Ерменската црква во Ерусалим, Арис Ширванијан, изјавил дека мала Норт и официјално станала христијанка и член на Ерменската православна црква.