Ким Кардашиан, секс симболот и риалити ѕвезда, сопруга на познатиот рапер Кање Вест, изјавила дека “сексот со него ја исцрпува преку сите граници“. Да потсетиме, Кардашиан и претходно за медиумите зборувала дека таа и нејзиниот сопруг многу го сакаат сексот и дека имаат сексуални односи повеќе пати на ден. Кога новинарите ја запрашале колку пати дневно имаат секс, таа низ насмевка одоговорила Милион пати.
Таа овој пат рекла дека сака да имаат уште едно бебе и дека на тоа работат секојдневно, и дека Кање сексуално ја исцрпува преку секоја мера. Таа рекла дека нивниот сексуален живот попримил таква динамика што повеќе не им е забавно, и дека Кање на шега често повторува дека „правењето на бебето број 2 не е така забавно како правењето на првото бебе“.