Ким Кардашиан имала сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Во нејзиниот мерцедес за забил возач на мотор. Старлетата не е повредена. Тaa се возела со својот Мерцедес G класа низ Лос Анџелес. Чекала да сврти на една крстосница, а од спротивниот правец налетал мотоциклист.
Не успеал да сврте и со својот мотор удрил во нејзиниот автомобил. По краток разговор, Ким и другиот учесник во несреќата се одвезле до Беверли Хилс хотелот каде, наводно, се договориле околу покривањето на трошоците предизвикани од несреќата.