Риалити ѕвездата Ким Кардашиан е позната по својата фигура која наликува на песочен часовник. Но, тоа има и своја цена, 5000 долари дневно. Имено, таа морала да најми приватен кројач кој купените парчиња облека ќе ги преправа по нејзина мерка, односно по мерка на нејзниот задник.
Инаку, кројачот Корнелиус својата високо платена работа ја добил по препорака на нејзиниот вереник Кање Вест. Имено, Кање го забележал во една стоковна куќа, и го пофалил неговиот стајлинг. Многу брзо пронашле заеднички јазик, па веќе за неколку седмици 23-годишниот Корнелиус добил работа од соништата.