Иако нивниот брак не успеал, во реалното шоу кое се прикажува Ким изјавила дека би сакала да стане мајка. Крис не се бунел ниту малку, едноставно се согласил на нејзиниот предлог. Иако се разделиле по само 72 дена брак, во среќните денови Ким Кардашиан и Крис Хемфрис планирале да добијат дете.

На таа идеја дошла Ким, а Крис немал ништо против. Нивниот разговор за основањето семејство бил прикажан во епизодата “Kourtney and Kim Take New York”. Ким гласно размислувала дека навистина е спремна. Додала дека има 30 години и дека вистински успех во животот е да имаш деца.