Ким Кардашиан со својата едногодишна ќерка Норт Вест се наоѓала во авион, кога ја нападнала непозната жена, вреѓајќи ја поради тоа што се омажила за црнец, нарекувајќи го нејзиното дете копиле. Ким за инцидентот во авионот рекла дека заспала и била разбудена од чудна врева. Жената викала дека е курва бидејќи се омажила за црнец и и велела да го замолчи нејзиното копиле бидејќи и сметал детскиот плач.

Старлетата и сопругата на раперот Кање Вест додала дека сакала да ја истепа жената поради расистичкото однесување и бидејќи и го нападнала детето, но и дека стјуардесите едвај за задржале. Ким изјавила дека прв пат и се случува да биде на мета на некој кој е расистички настроен и дека тоа на некој начин ја погодило, но дека бесот во неа бил предизвикан бидејќи било нападнато нејзиното дете.