Ким Кардашиан и Кање Вест се почестиле со сладолед во една лондонска слаткарница, но по излегувањето „заборавиле“ да ја платат сметката. Ким и Кање овие денови престојувале во Лондон, каде старлетата ја ласнирала својата нова колекција облека. Помеѓу останатото ја посетиле и познатата слаткарница “Haagen Dazs” на Лестер Сквер, каде биле дочекани од голем број обожаватели.
Една од вработените во слаткарницата се пофалила дека токму таа го послужила познатиот пар, но и дека не и платиле за сладоледот кој го јаделе. Таа им се заблагодарила што ја посетиле нивната слаткарница, но додала дека можеле барем да платат за услугата.